Грција со нова стратегија

Uncategorized, Живот

Откако делови од Грција беа погодени од силно невреме, а во Солун имаше и една жртва, владата на Грција размислува за стратегија за заштита од поплави и пожари. Тие се резултат на глобалното затоплување, а во Грција се невообичаено чести и силни. Дождовите се со таков интензитет, да водата предизвикана од силниот дожд му го однесе автомобилот на жртвата.

Според грчката противпожарна служба, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по неговото возило се уште трае, пренесуваат агенциите.

Солун беше најтешко погоден град, со најголеми последици.

Силно невреме ја погоди Атина, а неколку атински населби останаа без електрична енергија.