Анализата на ИРИ покажува очајна состојба

Uncategorized, Македонија

Американскиот Меѓународен републикански институт публикуваше анкета за состојбите во Македонија, спроведена во првиот квартал од 2021 година. Резултатите се неочекувани.

Според таа анкета во Македонија никој не се интересира за владеење на правото, за подобро образование на младите, за подобро здравство или инфраструктура. Особено не ги интересира иселувањето на младите од земјава. Сите такви напредни граѓани ја напуштија државата.

Граѓаните се интересираат само за личен интерес, одсносно да добијат плата или пензија. Тоа е поразително за состојбата во која се најдува македонското општество. Дури 34% вкупно се интересираат само за вработување и 33% за лична заштита од Корона. Од останатите граѓани дури 27% за економската ситуација. Граѓаните не покажуваат интерес за прашањата од заеднички карактер.