ЗАБРАНЕТО НОСЕЊЕ БРАДА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Министерот објасни зоштo донел таква одлука

Дали Знаете

Министерот за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон во Босна и Херцеговина, Аднан Хабибија, потпиша наредба со која на полициските службеници им се забранува носење брада.

Одлуката е потпишана на 13 октомври 2026 година, а според министерот, причината е непочитувањето на претходното правило, кое дозволувало брада долга до еден сантиметар.

Хабибија објасни дека поединечни полицајци не се придржувале до дозволената должина, поради што раководните полициски службеници едногласно предложиле целосна забрана.

„Полицијата, војската и безбедносните структури се темелат на дисциплина. Секој полицаец мора да биде уреден и да претставува пример за граѓаните“, изјави министерот за „Аваз“.

Одлуката предизвика реакции и отвори прашања за слободата на вероисповед и правото на приватен живот. Синдикатот на полицијата во кантонот побара да се преиспитаат законитоста, правната основа и постапката за донесување на наредбата.

Хабибија изјави дека, доколку Уставниот суд утврди дека се повредени нечии права, одлуката ќе биде коригирана.