KATАCТPOФА: Oткpиенo зoшто cе cпаcи Зaeв, пpифaтил пpeдавcтво cо Бyгapиja

Македонија

Македонија влегува во уште поголема криза во надворешната политика. Состојбата буквално е излезена од контрола, а Македонија дефинитивно е ставена на „грчкото сценарио“ за решавање на бугарското вето. Информациите кои пристигнуваат од владини кругови од Скопје, но и од дипломатите од Брисел и Софија, именувани како „најдено е решение за Бугарија“, всушност е национална катастрофа за Македонија.

Имено, информациите се дека Заев и Димитров се согласиле да се прифати „грчкиот рецепт“ за бугарското прашање, под притисок да останат или паднат од власт. Политичката криза во Македонија и гласањето на недоверба на Владата на Заев во македонскиот Парламент било добро осмислено сценарио за да се „седнат во скут“ Заев и Димитров од страна на ДУИ и надворешни фактори, да прифатат катастрофално решение за бугарското вето.

Ова решение кое е веќе услогласено и со Софија и со Брисел, е наметнато како резултат на неспособноста на Заев и Димитров самостојно да го затворат бугарското прашање во Македонија, со што нужна беше меѓународна интервенција. Секоја меѓународна интервенција секогаш скапо се плаќа, а особено најскапо плаќа Македонија. Овој пат ќе плати со највисоката цена, прифаќање на живковизмот како македонска идеологија, што е целосно искривување на историската вистина.

МКДенес неофицијално го објавува решението, со парафразирање на текстот усогласен помеѓу работните групи на Македонија и Бугарија, со цел да не го објавуваме неофицијалниот документ во јавност. Решението е целосно идентично како она со Грција. Прво Македонија требаше да прифати грчкиот услов за името да стане официјален услов за НАТО и ЕУ, со што беа отворени интеграциите, а официјалниот влез условен со грчка согласност и конечна промена на името, па влез во НАТО и ЕУ.

Сега решението со Бугарија е Македонија да ги прифати бугарските услови да станат официјални услови за влез на Македонија во ЕУ, а ние да ги отпочнеме преговорите.Тоа на јавноста ќе и биде соопштено со формулацијата „Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија високо се вреднува од страна на ЕУ и истиот ќе биде имплементиран во рамки на процесот на пристапни преговори“. На тој начин, Македонија никогаш нема да ги заврши преговорите со ЕУ, без да и ги исполни сите желби на Бугарија, односно никогаш нема да го затвори кластерот за добрососедство и владеење на правото, човекови права и слободи, додека не ги исполни соновите за постоењето на Бугарите во Македонија и непостоењето на Македонците како етнос, што е дел од условите на Бугарија.

Првиот чекор е потпишување на изјава на Македонија за согласност со бугарските услови, со што Бугарија делумно или времено ќе го повлече ветото и сега за сега Македонија ќе започне преговори со ЕУ, за да си ја спасат власта Заев и Димитров. Но за да влеземе во ЕУ ќе треба да се смени Уставот на Македонија, исто како со Грција, и да се внесат Бугарите во македонскиот устав како државотворен народ, а не дел од друг народ, со што и македонската независност од 1991 година станува дел од бугарската историја. Следниот чекор е да ја прифатиме официјалната верзија на бугарската историја за апсолутна и во Македонија.

Тоа значи влез во ЕУ под услов да признаеме дека сме бивши Бугари кои под притисок на Србите сме станале Македонци, а историскиот дел на ВМРО, Илинден, Егзархијата, средновековието им припаѓаат на Бугарите во Македонија и Македонците сме само српски продукт. Така се отвара катастрофален процес на ребугаризација на Македонија и уништување на македонското постоење како етнос. Сите тие кои не се срамат дека се српски продукт, може да си останат Македонци, но посрбени и чеда на српската Црква. Тој процес е веќе започнат со иницијативата Отворен Балкан, а српската акција за подготовка на ова сценарио е веќе во тек и наголемо се спроведува низ Македонија.

Се враќаме во минатото за време на странските пропаганди во Македонија, а Македонците ќе бидат принудени да изберат дали се Бугари како Гоце Делчев и Даме Груев или се Македонци браќа на Србите. Тоа ќе биде нов геноцид и самоуништување на се што е Македонско. На тој начин ќе се уништи МПЦ и ќе се претвори во втора бугарска Црква на македонските Бугари. Денешната форма на постоење на Македонците засекогаш ќе исчезне. Оние кои остануваат како Македонци со српски манири, ќе станат припадници на веќе создадената српска испостава на СПЦ во Македонија, а тоа е ОА на Зоран Враничковиќ.

Наводите до кои дојдовме и изворите на овие информации се дека Заев не ги разбира овие процеси, ниту знае што прифатил, но неговата реакција на прогласување во Парламентот за неуспех на иницијативата за недоверба на Владата покажува се. Покажува дека Заев е свесен во што влегува и дека веќе е заложник на неговата алчност да остане на власт, заедно со неговите соработници.

Дали Македонија ќе остане нема на ова и засекогаш ќе се самоукинат Македонците како етнос, останува да одлучиме самите ние. Албанците се силно мотивирани за влез во ЕУ, по цена да прифатат делумно враќање на српското влијание во Македонија, со надеж еден ден тоа да се компензира за независност на Косово. Србија инсистира на ова сценарио, како дел од нејзините планови за „српски свет“, а Бугарија како и секогаш алчна по македонска земја, се надева дека Македонците ќе се преобразат во Бугари и ќе добие неспорен бугарски кантон во земјава. Грција засега молчи, што планира, останува да дознаеме.