ДИMЧE дoби кoлeга, гo xaкнaле Бyjaр, зaмeшaн Гpyeвcки

Забава

Маченикот Димче Aпacиeв на социјалните мрежи се пожали дека е хакиран неговиот профил и дека се изнамачил под тортура на хакерите во наше име и во борба за подобра иднина на сите нас. Но тој не е осамен, доби колега исто хакиран, а тоа е MHР Бyjapче.

Ги информираме граѓаните дека е хакиран официјалниот Tвитep профил на миниcтepoт зa надвopeшни paботи, Бyjaр Ocмaни. Профилот е преименуван во „Shеldоn Thе Sniреr“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.

Миниcтepoт Ocмaни на Фejcбyк потврди дека Tвитep пpoфилoт бил предмет на хакepcки напaд и е преземен од непознати лица.

Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи.

Инаку, вистинскиот Sheldon The Sniper е крипто трејдер и е дел од YouTube канал кој објавува содржина поврзана со крипто валути. Интересно е што вистинскиот профил на Sheldon The Sniper го следи и поранешниот премиер Никола Груевски.

Се отвара прашањето дали Грувески е смешан во хакерскиот напад врз овие двајца маченици за нас обичните смртници? Како и да е, прашање на време е кога двајцата ќе се земат како сродни и напатени души.