КАРАКАЧАНОВ и Бојко ја платија цената на ветото за Македонија

Балкан

Коалиционите партнери Бојко Борисов и Красимир Карачанов потонаа на изборите во Бугарија. Ја платија цената на ветото за Македонија. Со ова е се поизвесно дека во Бугарија умира антимакедонската реторика, а бугарските Македонци не гласаат за партии кои шират антимакедонска пропаганда.

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ од фаворит на изборите падна на второ место, зад проамериканските политичари Петков и Василев, собрани во новоформираната партија Промените Продолжуваат ПП. Партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, доживеа вистински дебакл на денешните парламентарни избори во Бугарија, освојувајќи околу еден отсто од гласовите, што значи дека целосно потона и никогаш веќе нема да има пратеничко место во парламент.

Според излезните анкети кои ги објавија повеќе агенции за истражување на јавното мислење, ВМРО-БНД освоила помеѓу 0,9 и 1,2 отсто од гласовите на изборите, што е досега најлош резултат за крајнодесничарската партија, позната по негирањето на македонскиот јазик и нација. Лидерот Красимир Каракачанов по гласањето денеска изјави дека гласал за „луѓе што можат да управуваат“.

„Гласав за луѓе кои можат да управуваат. Луѓе со карактер, а не креатури на разни надворешни економски или политички интереси“, изјави Каракачанов, со што призна дека руските агенти како него се поразени од прозападните политичари.

Излезноста, според Галуп, била 35,5 отсто, а 1,8 отсто од гласачите ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

Се очекува овој трет обид да се постигне мнозинство што ќе успее да состави влада во земјата да заврши успешно, а нов премиер да биде Кирил Петков, политичар кој беше најнапаѓан и обвинуван од руските измеќари во Бугарија дека имал двојно државјанство во Америка, дека бил странски агент и не ја поддржувал антимакедонската резолуција во Парламентот.