ДОБРО УТРО од аматерката со Тимот на Зоки

Добро утро

Тимот на Зоки

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Тик- так… поминуваат последните часови од лажниот оптимизам и веќе е време на граѓаните да им се обзнани вистината. Нема веќе простор ниту потреба за релативизирање на работите. Изборите завршија, и може да се почне со подготовките за кризата која ни престои. Ама нема кој тоа да го направи.

Зоки се налути дека губи и вели “јас не кажувам”! Неговото напуштање на играта бара повторно пребројување “еци пеци пец” и да се избере кој ќе биде тој што ќе каже. Бидејќи тимот на Зоки е сеуште во игра, а тие беа “на ред” ќе мора некој од нив да биде. Ќе мoра тимот да продолжи понатаму без “селектор”.

Граѓаните мора да знаат што ги очекува. Граѓаните не го почувствуваа “животот за сите”, но сега сакаат да знаат дали воопшто ќе преживеат!? Одговорот мора да го даде тимот кој сеуште ја има “топката” кај себе. Нека си изберат “капитен” и нека продолжат понатаму. На средина од игра не е фер да се менуваат правилата.

Доколку не можат без селектор или не ги почитуваат правилата, нека ја предадат топката и нека си го распуштат тимот! Ситуацијата нема и неможе да се промени за брзо време, но граѓаните барем ќе знаат дека не е само до “селекторот”, туку е многу важен и “тимот”.