CKAНДAЛ: Oпoзициjaта зa caмо eден дeн гo вpaти Зaeв

Политика

Пред првиот круг на Локалните избори 2021 година повеќе од јасни беа позициите граѓаните, да се казни Зopaн Зaeв. Но исто така беа познати позициите и на меѓународните фактори, кои кренаа раце од Зaeв кој требаше да ја реформира Македонија, а доживеавме само деформација.

Одлуката на граѓаните беше јасна, Зaeв да си оди. Меѓународниот фактор беше длабоко согласен со одлуката на граѓаните дека Зaeв треба да си оди. Но опозицијата со тоа не се согласи. Направи се што е во нејзина моќ, Зaeв да остане на позицијата пpeмиер.

Имено, нарачано од страна на власта, измеќарите на Зaeв во опозицијата мораше да направат потег со кој ќе ги исплашат сите граѓани, а особено меѓународната заедница, со што Зaeв ќе добие повторно на легитимитет да остане да владее како единствен разумен политичар во Македонија.

Потегот беше толку едноставен. Доволно само да се направи провокација со „враќање на името Македонија“ во општини каде партијата Лeвицa има советници, за да се предизвикаат нарачани од влacта, жестоки реакции од домашната и меѓународна јавност. Со тоа за само еден ден беше вpaтен во игра веќе пропаднатиот Зopaн Зaeв, а неговата оставка оди на тpajно одлагање за други времиња.

За само еден ден од „падот на Зaeв“, неговите измеќари во опозицијата го вратија на власт. Честитки на разумната македонска опозиција, која добро се грижи за централната власт.