МПЦ – ОА доживува ренесанса, нова Црква во Загреб

РЕЛИГИЈА

Првата македонска црква во Загреб ја доживеа првата литургија со која чиноначалствуваше тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф, на покана на домаќинот европскиот митрополит г. Пимен.

Големите напори и желба да се изгради овој храм посветен на Света Злата Мегленска денеска во Загреб ги собра македонските православни верници на првата литургија во чест на оваа светителка, која се празнува на 26 октомври.

За радоста да биде поголема на оваа литургија, владиците Пимен и Јосиф во ѓаконски чин го ракоположија Богословот Дејан Белчовски.

Цркавата Света Злата Мегленска во Загреб се градеше неколку години со голема поддршка од поранешниот граноначалник Милан Бандиќ и покрај притисоците што ги правеше Српската Православна Црква преку својот тогашен митрополит во Загреб, а сега лажен патријарх порфириј.

Осветувањето на овој храм на МПЦ-ОА ќе биде веројатно следната година, откако ќе биде изработен неопходниот иконостас.

Ова е надворешниот изглед на Црквата во Загреб, изградена во најмодерен архитектонски израз на современите автори.