
РОМАНСКАТА заедно со Украинската Црква, Русите се изолирани
По повод 30 годишнината од изборот на Вартоломеј за Вселенски патријарх, во Фанар во Вселенската патријаршија за време на Богослужбата заедно се појавија претставници на Романската и Унгарската православна Црква.
Романската Црква направи нов чекор кон признавање на автокефалноста на Православната Црква на Украина.
Потврда за тоа е заедничкото молење меѓу Архиереј од Романската патријаршија, Архиепископк на Трговиште Нифон и Архерејоот на ПЦУ, Тернопилски и Кременечки Нестор.
Важно за потенцирање е дека неодамна, Поглаварот на ПЦУ, Митрополит Епифаниј изјави дека Романската Патријаршија е една од помесните цркви, кои сеподготвени да ја признаат автокефалноста на ПЦУ. Тој тогаш ги спомна и Грузиската, Бугарската и Албанската црква.
Ова се охрабрувачки вести и за МПЦ – ОА и нејзиното признавање од страна на Вселенската Патријаршија, по примерот на Украинската Црква.
Во таа смисла изолирани ќе останат само Српската и Руската Црква, против нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Во прилог линк од свечената литургија: