САД во вселенска заштита на планетата Земја
Американската вселенска агенција НАСА лансираше летало кое треба да ги проучува тројанските астероиди во орбитата на Јупитер. Откако беше лансиран од Кејп Канаверал, Флорида, ловецот на астероиди Луси започна дванаесетгодишно патување што треба да обезбеди подобро разбирање за потеклото на Сончевиот систем и да ја заштити Земјата од непредвидено движење на астероидите.
Околу 2025 година, леталото ќе прелета покрај првиот астероид, наречен Доналдохонсон, кој се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер.
Потоа, на крајот на оваа деценија, ќе прелета уште пет астероиди, и конечно во 2033 година, до уште два, секој пат на растојание помало од 600 милји. Меѓу астероидите, најголемиот има дијаметар од околу 113 километри.
Околу 7.000 познати тројански астероиди орбитираат околу Сонцето во две групи, едната пред Јупитер, другата по неа. Научниците сакаат да го проучат нивниот состав и прецизна густина, маса и волумен.
Луси е именувана по 3,2 милиони години стари скелетни остатоци од човечки предок, пронајдени во Етиопија пред речиси половина век.
Мисијата ќе чини 981 милиони долари во текот на сите 12 години лов на астероиди.