Oпасни вести од Брисел!

Македонија, Политика, Свет

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи остварија работна посета на Брисел. Македонскиот премиер на средби со високи европски претставници побара зголемен ангажман од ЕК. Тој смета дека одвојувањето на Албанија и С. Македонија не е во ничиј интерес.

Заев и Димитров цврсто истакнале дека идентитетските прашања не смеат да бидат на масата за разговори. Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на македонскиот народ. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се наметнати прашања од Бугарија. Тоа воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел. Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина. Ова е пораката цврсто ја испрати премиерот Зоран Заев на денешните средби со високи претставници на Европската комисија во Брисел. Заев побара поголем ангажман во барањето решение за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи станува збор за многу важен процес.

Според информациите од кабинетот од МНР, македонските претставници на колегите од ЕУ им соопштиле дека им се многу лути, особено на еврокомесарот Вархеи.

После соопштувањето на таа цврста порака од Владата на Македонија, Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен соопштила дека во Брисел има масовна појава на несоница. Особено биле загрижени од заканата на вецепремиерот Димитров кој се заканил со „самозапалување“. Се бара од Македонија да ја преиспита одлуката и толку многу да не се лути.