Нoв pаскол во СДСМ!

Македонија, Политика

Силата на СДСМ за рушење на режимот на Никола Грувески се базираше на аргументот интеграција во ЕУ. Тој аргумент не поминуваше со стариот лидер Бранко Црвенковски. Доаѓањето на чело на Зоран Заев означи нова прозападна ера во партијата. Заев се заколна на вечна љубов со ЕУ и НАТО. Но работите не се по тој редослед.

После најавата за формирање на нова партија на Брнако Црвенковски, Социјалдемократска иднина, се појавува нова групација. Таа екипа најавува руска иднина на СДСМ и Македонија. До степен да тоа руско крило на партијата преговара заеднички настап на локални избори со ВМРО ДПМНЕ. Лидер на новиот тим е градоначалникот на центар Саша Богдановиќ.

До сега беше познато дека тој е силно просрпски изразен политичар. Личен пријател со претседателот на Србија, господин Александар Вучич. Лично конектиран со најзлобните непријатели на МПЦ во редовите на СПЦ. Голем дел од нив починаа од корона вирусот, а МПЦ остана полесно да живее. Но никој не очекуваше дека под патронат на Русија, тоа крило на СДСМ ќе се конектира со господин Христијан Мицкоски. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ важи за силно проруски ориентиран политичар во Македониja.

Изнедувањето од екипата на Српче во СДСМ пристигна на 9ти Мај, Ден на Европа. Наместо денот на Европа, СДСМ да го одбележи со европскиот амбасадор, тие се одлучија да сменат лента и да одбележат со рускиот амбасадор. До степен да сите високи претставници на СДСМ не честитаа Ден на Европа, туку комунистичкиот празник на РУсија, Ден на победата.

Дали со ова крилото на Заев е во дефанзива, а проруското крило на Богдановиќ е во силен замав, ќе дознаеме пред локалните избори оваа година. Сепак, заклучокот е дека сепак СДСМ е далеку од европска партија.