ПОПИС во БУГАРИЈА: Попишете се Македонци

Балкан

Започна пописот во соседна Бугарија од 07.09. до 17.09.2021 година преку електронско пребројување, а од 18.09.2021 година преку теренско пребројување по домовите!

Македонци и Македонки од цела Бугарија, не само од Пиринска Македонија, пописот се одвива во крајна антимакедонска атмосфера, со дирекни напади на сите Македонци во сите бугарски медиуми!

Тоа не треба да ве заплашува, напротив да се охрабрите и да се изјасните онака како што се изјаснувале вашите дедовци и баби, како Македонци и Македонки.

Така ќе добиете право на школување на вашите деца на мајчин македонски јазик, на македонска историја и култура во училиштата! Не потпаѓајте на пропагандите на болшевичките медиуми дека не постои македонски идентитет.

Вие точно знаете кој сте, што сте и од каде сте!

Иако во графата не постои таква можност, вие изберете графа ДРУГО и таму напишете Македонец / Македонка!

Македонија на Македонците!