БОГОЈЕСКИ: Попишете се на двата пописи во МК и БГ

Изјави

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески на својата официјална фан страна повика на попишување на Македонците на двата пописи, кои паралелно се одвиваат во Македонија и Бугарија.

ДВА ПОПИСИ 2021 година

Македонци (сите граѓани на Македонија),

ние сме биле спречувани низ вековите да се изјаснуваме како Македонци на сите пописи спроведени од Отоманското Царство, Кралство СХС, Царство Бугарија, Кралство Грција, Кралство Југославија, Република Бугарија, Република Грција!

Денес имаме привилегија сите слободно да се изјаснеме за сите наши идентитети, без никави притисоци, на ДВА ПОПИСИ кои се одвиваат паралелно во Република Македонија и во Република Бугарија!

Сите ние државјани на Република Македонија можеме да се попишеме како православни – христијани и како Македонци (тие што го носиме тој идентитет) пред попишувачите кои доаѓаат во нашите домови, но и електронски на сите нас во дијаспората! Пописот во дијаспората е сеуште отворен и треба да ја искористите можноста да докажете дека насекаде низ светот постои сој Македонски!

Сите државјани на Република Бугарија, а кои сте по род Македонци, можете да се попишете на пописот кој во моментов се спроведува во таа држава. Во Бугарија има околу три милиони Македонци, но дел од нив го имаат прифатено и боледуваат од божидаризмот / болшевизмот и терминот Бугарин го идентификуваат со етнос, а не со нација / државјанство. Сите Вие по етност сте Македонци, а по нација сте дел од бугарската нација, согласно Уставот на Република Бугарија. Искористете ја оваа шанса и покажете дека во Бугарија опстои сојот Македонски!

Имам разбирање за сиот песимизам дека пописите се наместени, дека власта не е способна да ги спроведе, дека ќе имало фалсификати… се Ве разбирам во целост! Но Ве молам и Вие да ја разберете димензијата за која Ви пишувам!

Не одете по умот на сектата демек Левица, тие се жални момчиња болни за власт и уважение! Тие се спремни да ја срушат македонската Република, само да се докопаат до фотељи и привилегии на грбот на народот!

Чувајте се од лажни пророци!