ДОБРО УТРО од аматерката со “министри немпетели“
Министри “немпетели”
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Повторно донесена парадоксална одлука на Влада. Овој пат “заспала” Шахпаска. Се бара “чаре” да се најдат попишувачи за престојниот попис бидејќи нема доволно заинтересирани и пријавени на конкурсот за попишувачи. Од 138 647 активни баратели на работа, неможат да најдат 2000 лица попишувачи, па Владата ќе ги ангажира времено вработените административци кои пак, се вработени заради зголемен обем на работа!
Тоа би изгледало вака: Времено вработените (внимателно избрани партиски кадри) ќе бидат ангажирани како попишувачи и ќе добијат надомест од 25 000 до 45 000 денари за 25 дена. Останатите (секако избрани партиски кадри) заради “зголемен обем на работа” согласно претходно донесената Одлука на Влада ќе бидат наградени!
Да се “исцеди” буџетот колку што може повеќе. Шахпаска молчи, ни на крај памет не и текнува дека има и невработени лица во државава и си тера предизборна кампања по градинки фалејќи се дека биле “молерисани”. Иако трошокот што министерката го прави, шетајќи се наоколу, е поголем од молерисувањето на сите градинки во државава.
Очигледно министрите на Зоки веќе си ја ставиле “изборната” униформа, а седниците на Влада се всушност седници на Изборен штаб!