
СДСМ го губи Скопје, бранковистите исфрлени на клоци
Објавени новите кандидати за градоначалници на СДСМ. Сите бранковоисти, почнувајќи од Богац од Карпош, па се до Марин и Српче се исфрлени на клоци.
Горан Герасимовски, претседател на партискиот општински одбор во Центар е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар. Досегашниот градоначалник Српче е исфрелен од партијата, без право на глас.
Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски направил дополнителни напори за „прочистивање на СДСМ“ од бранковистите, бидејќи истиот се смета за оштетен од Бранко Црвенковски во периодот кога тој беше лидер на СДСМ.
Освен Герасимовски, СДСМ кандидараше нови лица за први луѓе на Карпош и Аеродром.
По Саша Богдановиќ, доверба од партијата не добија ниту Стефан Богов и Златко Марин. За градоначалник на Карпош ќе биде кандидиран директорот на ЈП„Водовод“, Душко Весковски, а за Аеродром поранешниот пратеник Александар Филиповски.
Со ова се смета за завршена акцијата за чистење на „скопското крило на СДСМ“ од бранковистите. Дефинитивно претседателот на СДСМ ја приватизира таа партија.