ВAЖНO: Фpaнциja co нoви ycлoви за Oтвopeн Бaлкaн

Балкан

Откако Србија се наметна со своите приоритети врз останатите балкански држави, вклучително и Македонија, се јавија нивните традиционални партнери со нови услови. Дипломатски извор во Париз потврдува дека кога станува збор за развој на регионалната соработка на Западен Балкан, Франција ја поддржува целта на регионалниот заеднички пазар, објавен на самитот во Берлин во Берлинскиот процес, а не онаа визија на Заев и неговите нови шефови, Рама и Вучиќ.

Французите нагласуваат дека иницијативата „Отворен Балкан“, започнат на 29 јули 2021 година од Србија, Албанија и Македонија, дава можност да се постигне напредок во оваа насока, НО под услов да биде координиран со работата извршена во рамките на Берлинскиот процес.

Тоа значи, Отворен Балкан поминува во ЕУ, само доколку го реши „косовското прашање“, односно додека не се реши Косово, нема ЕУ за ниту една од земјите во Отворен Балкан. Епа на здравје Македонци, тражили сте, гледајте! Сега на врат за ЕУ сами си го ставивме и Косово.

Дипломатски извори во Париз велат дека е потребен напредок во Берлинскиот процес, бидејќи следниот самит ЕУ – Западен Балкан се очекува на 6 октомври. Тоа значи или чекор кон прифаќање на косовската независнот или неуспешен самит, во кој веќе влегува Македонија за прв пат и конечно останува бетонирана на дното на интеграциите со Косово и Србија.

„Ние го поддржуваме зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан, што е од суштинско значење за економскиот и социјалниот развој на регионот и за неговите поблиски врски со Европа“, рекол француслиот дипломат за Газета експрес, но под услов.

„Оваа соработка мора да ги опфати шесте земји во регионот и да се заснова на европски стандарди и принципи. На пример, ние ја поддржуваме целта на регионалниот заеднички пазар објавен на Самитот во Софија во рамките на Берлинскиот процес (10 ноември 2020 година).

Со други зборови, Заев засекогаш ја уништи европската перспектива за Македонија и ги затвори портите за нас во ЕУ! Сега треба да чекаме да се опаметат Босна и Косово, на тоа да се смилува Србија, па може чекор кон ЕУ или никогаш!

„Во овој контекст, иницијативата Отворен Балкан, започната на 29 јули 2021 година од Србија, Албанија и Македонија, дава добредојдена можност да се постигне напредок во оваа насока, НО под услов да биде координирана со работата извршена во рамките на Берлинскиот процес – работа што треба да оди напред во пресрет на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан“, додаде тој.

Што значи дека Брисел ние Македонците можеме само до го сонуваме. Но тука ни е Београд, нема потреба многу да се грижиме.

Регионалната иницијатива, покрената минатиот месец од Рама, Заев и Вучиќ, не е поддржана од другите три земји на Западен Балкан – Косово, Црна Гора и Бocна и Xepцeгoвинa. Сега треба да ги почекаме тие три земји да се премислат, па да ја поддржат приказната на Вучуќ, па потоа да започнат преговори со Косово и Босна.

Косовскиот премиер Aлбин Кypти рече дека иницијативата е обид на Србија да го отвори регионот за Pycиja и Kинa.