ТОТАЛНО ЛУДИЛО: Погрешно напишани лични карти и без Закон

Македонија

Лудилото на власта нема крај. Не само што пуштија во употреба нови лични карти без донесен закон, во кои воведоа и „северна“ и двојазичност и етничка припадност, туку и тоа што го напишаа на албански и англиски и тоа е погрешно!

Неписмненоста на власта ги надмина сите граници. Во целиот свет, во личните документи во графата nationality се внесува државјанство, а доколку се сака да се истакне етничка припадност се става ethnicity, што значи етничка припадност.

На Заев и Шеќеринска устата пења им фати кога објаснуваа зошто стои „македонско“, а не „Македонци“ во Преспански договор за опис на nationality, дека тоа не е етничка припадност, туку се поима како државјанство, за сега во нивните новокомпонирани и преспанизирани лични карти да го стават токму обратното.

Кој е луд во оваа држава?