CPAMНО: Mлaдите од CДCM гасат пожари, додека старите кpaдaт

Македонија

Во моментите кога состојбата со пожарите во нашата земја беше повеќе од алармантна, многу партии се обидоа да соберат поени на база на учество во гасењето на тие пожари. Следејќи го примерот на сите партии, младите од СДММ, подмладок на СДСМ, се приклучија во борбата за справување со пожарите, пред се во регион на Струмица.

Додека младите гасат пожари, старите од истата партија, кои земаат плата и раководат со државните институции немаат време за таа активност. Тие се преокупирани со тендери, набавки, службени ручеци, патувања… се на грб на нашиот народ. А народорт сам со свои средства, кој како се снајде, гасеше пожари, за да си го спаси имотот и семејството.

Никој до сега не побара одговорност за неподготвеноста на институциите да се справат со пожарите. Тоа се институции кои за тоа постојат, а ги раководат токму кадри на СДСМ!