Проф. Најчевска до Груби за Оxpидcкиoт дoгoвop

Македонија, Политика

Професорката Најчевска жестоко реагира на злоупотребите од самонаречениот прв вицепремиер Артан Груби кој ни вели:

“Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Законот за територијална поделба, ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Државниот универзитет во Тетово или Универзитетот Мајка Тереза. Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од вработувањето на Албанците и другите во државната администрација…“

Всушност се случи, пишува професорката Мирјана Најчeвска.

1. Eтничkи базираниот Закон за територијална поделба, наместо административно, функционално и финансиски одрживи целини кои ќе овозможат задоволување на потребите и интересите на граѓаните, ја расцепка територијата на бесмислени парчиња, кои имаат 0д 500 – 200.000 граѓани и кои претставуваат бастиони на партиите, а не услужни структури за граѓаните.

2. Државниот Универзитет во Тетово ни од далеку не исполнува услови да се смета за акдемска структура и придонесува за дезавуирање на високот образование, пред се на етничките Албанци, но и на сите граѓани на Република Северна Македонија. Во исто време, тој доведе до натамошно раздвојување на академската заедница и отсуство на било каква комуникација и соработка.

3. Ја дотолче државната администрација.

Прво, наместо критериуми врз основа на мерит систем, беа промовирани критериуми врз основа на етничка припадност.

Второ, етничките Македонци во администрацијата добија изговор да работат помалку и полошо.

Трето, се разгоре партизацијата наместо професионализацијата на администрацијата.

Четврто, се вработуваше таму каде што не треба, а останаа празни места таму каде што треба.

Петто, ДУИ доби стабилно гласачко тело, кое е во потполна зависност од партијата со што се устоличи во власта.

Шесто, партиите на етничките Македонци ја искористија коњуктурата за ерупција од неконтролирано и неодговорно вработување во администрацијата на сите партиски кадри.

Значи, не се работи за тоа дека се вработија етнички Албанци во администрацијата, туку за тоа дека под паролата “повеќе етнички Албанци во администрацијата“ се вработија: непрофесионални, партиски неработници, кои ја уништија шансата за реформа на администрацијата.

И, секој од овие елементи посебно и уште повеќе, сите заедно, се спротивни на духот на Охридскиот рамковен договор, кој требаше да го промовира граѓанското, а не етничкото.

ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска