ИСЛАМ: Бурките се фундаментални или модерни?

Изјави, Колумни

Во последно време, а особено после повратниците од војните од Сирија, во Македонија се отвори дискусија за влијанието на блискоиточните модерни исламистички движења, врз традиционалниот ислам во Македонија.

Многу често во јавноста настанува забуна околу поимање на „традиционалниот ислам“ и дали тоа е исто со фундаменталниот. Медиумите низ светот користат исламски фундаменталисти, кога сакаат да истакнат дека тоа се учесници во разни терористички напади.

Пројавата на модерен, а не фундаментален ислам, низ Македонија го забележуваме секојдневно. Највеќе кај жените кои носат облека, која не е соодветна за вистинскиот ислам. Тоа се модерните бурки, кои се нова мода во светот на исламот. Но и мажите не заостануваат со новата мода од Авганистан или Сирија.

Тоа прашање во јавноста го отвори лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески. Тој е обвинуван дека “мрази муслимани“ поради неговите ставови изнесени во јавност. Побаравме одговор од него за неколку прашања, а поврзани со оваа нова мода во исламот во земјава.

Јас можеби не сум религиозен, но сум искрен верник! А верник не може да мрази вера, па која и да е таа. Во Македонија немаме проблем со толеранција и почит помеѓу фундаменталните, вистински верски убедувања, туку со пројавата на модерни „вери“, зад што се сокриваат политички и финансиски агенди“ – истакнува Богојески

Од овој наратив може да се заклучи дека и самиот Богојески прави разлика помеѓу фундаментален и модерен ислам. Но зошто токму носењето на бурка кај дел од исламската популација во Македонија е предмет на забелешките на Богојески?

Пронајдете еден исламски научник и теоретичар, кој ќе ми докаже дека во време на животот на пророкот Мухамед се носеле бурки, јас ќе кажам дека тоа е фундаментален ислам и ќе се согласам со фактите. Но модерните појави и злоупотреби на зборот на пророците, на светите книги, на вистинската вера, ништо добро нема да ни донесат ниту на христијаните, ниту на муслиманите во Македонија!

Дали прашањето со еманципација на жените е повторно отворено во нашата земја, особено што овие ставови ги споделуваат најдемократските земји од Европа. Правото на слободно верско изразување и еманципација на жените, може да поминува како паралелен процес, без да се ограничува едно со друго.

Во Македонија не е потребна еманципација на жените, туку еманципација на мажите кои ништо не разбираат, а најмалку верата. Тие се тие кои ги малтретираат жените и принудуваат на такво поведение, спротивно на нивната искрена вера и чест.

За жал во Македонија нема отворена дебата на оваа тема. Секој обид за дискусија или се злоупотребува или се навредуваат они кои сакаат да покажат различен став. Емоциите кои се предизвикуваат кај дел од муслиманското население, пред се штетат на самите нив. Наместо подготовка за отворена дебата и аргументи, тие се служат со навреди и закани. Дали може вака да продолжи македонското општество и дали таа сокриена тензија еден ден може да избувни во лица на сите нас? Одговорот треба да го дадат верските лидери, кои во овој момент молчат и не се вклучуваат во темата. Отсуство на отворена дебата е всушност можност за злоупотреби на верата во политички или бизнис цели.

На прашањето, дали Богојески има лична омраза кон муслиманите или кон верата, тој одговори со слика и краток коментар:

Колку муслимани од тие што плукаат по мене, биле да ја посетата Ал Акса и Златната купола? Колку од нив сретнале фундаментални муслимани или живи Палестинци? Колку од нив биле во Палестина? Чуварот на гробот на Господ Исус Христос е муслиман и од негова рака, во мојот дом имам свето миро! Верник не мрази вера, туку лажован злоупотребува вера во лични цели! 

Темата со повратници од сириските боишта е дополнително затворена за дуискусија. Многумина се служат со лажни вести за посебни интереси на меѓународниот фактор во земјава. Таа тема е доволно сериозна за отварање на сосема нова истрага и анализа на МКДенес. Богојески одби да дава детална изјава поради професионален ангажман, но истото така од МВР има молк. Во овие анализи и изјави ќе се обидеме да вклучиме и други храбри лица, со цел да дојдеме до јасни ставови за иднината на нашето оптество.