ВОНРЕДНА состојба во Софија, БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА ги изгоре бугарските ЛАГИ

Балкан, ИСТОРИЈА

Бугарската академија на науки уште во далечната 1981 година објавила автентични документи од Латински извори за бугарската историја, во кои се докажува дека никогаш не настанало т.н. рано спојување помеѓу словените и татарите со автохтоните македонски славјани, што во целост ги урива сите тези на бугарската пропаганда за средниот век.

Изворите потврдуваат дека во 13ти век, турко-монголските прави Бугари (прото Бугари) биле присутни на нашиот полуостров, како засебна етничка заедница. Тоа ја урива официјалната бугарска теорија за раното создавање на некаков хомоген словено-бугарски народ и го руши вештачкиот темел на современата тнр. бугарска нација.

И покрај упорните обиди на Бугарите да ги релативизираат овие факти против бугарските илузии, со „аргумент“ дека се користиме со титова или српска пропаганда, сепак во овој случај станува збор за објава на автентични латински докази и тоа објавени од бугарската БАН. Доколку бугарската академија им е српска и под српско управување, тогаш да им веруваме на пропагандите?

Голем дел избугарени македончиња, во очајни обиди да докажат дека се во право зошто се избугариле, нафрлуваат толку глупости, со што само го потврдуваат тој факт, дека татарските Бугари никогаш, барем не во среден век, не се стопиле во словенските народи и никогаш не настанала една бугаро словенска заедница.

Имено, посочувајќи ги Бугарите – „Сарацени“ во Азија, како сроден народ со Бугарите на Дунав, едно избугарено македонче кој прифатил да има бугарски идентитет, Ивајло А., уште еднаш докажа дека тогашните прави Бугари (13. век) биле туркиски народ.

Објавени се оригинални Латински извори за българската история – ЛИБИ, том IV, БАН, София, 1981.

Бугарското лудило да докажат дека се всушност најстар народ на светот, сами си ги откопаа корените од кои се срамат, а тоа се азијатско – сараценски.

Етимологија: Коренот на називот „Сарацени“, најверојатно е арапскиот поим „شَرْقِيِّين‎ (šarqiyyin),“ што значи – луѓе од Истокот.

„Сарацени“ во средниот век било збирно име за исламските народи. Средновековните Европејци така ги именувале прво Арапите, а до доцниот среден век тоа било назив и за Туранците, семитско-хамитските народи, па понекогаш и за црнците од Африка, т.е. општо гледано – за не-европските народи.

Така, ова е уште едно камче во мозаикот за правите Бугари. Овојпат во изворите тие се претставени како Сарацени, или, повторно – не-Европејци!

Тоа е научна литература и докази објавени од бугарската академија, а споделувани од избугарени македончиња во обид да го докажат очајот во кој западнале.