Полициска акција – МВР ПРИВЕДУВА!
Двајца кумановци синоќа се приведени откако при претрес кај нив се пронајдени марихуана, кокаин и семки од канабис и ќе им бидат поднесени пријави, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово синоќа ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис.
„Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, наведува МВР во соопштението.