ХИТЛЕР починал на 3 февруари 1971 година во Парагвај

Забава

Во јули 2016 година, Абел Басти ја објави книгата „Хитлер во егзил“, во која тврди дека Хитлер побегнал во Аргентина и живеел таму 10 години пред да се пресели во Парагвај. Басти ја изнесе тезата дека Хитлер починал на 3 февруари 1971 година во Парагвај.

Повеќе од 70 години по крајот на Втората светска војна, неколку земји и институции сè уште се обидуваат да ги пронајдат и гонат преживеаните нацисти.

Еден од нив, маж од Салта, Аргентина сам се пријавил дека е германскиот диктатор Адолф Хитлер и дека последните 70 години ги поминал во криење. Во интервју за ултраконзервативен локален весник, натурализираниот германски имигрант објаснува дека во земјата пристигнал во 1945 година со пасош под името Херман Гунтерберг.

Тој вели дека неговиот пасош го направил Гестапо при крајот на војната и дека тој е всушност поранешниот нацистички водач Адолф Хитлер.

Мажот одлучил да го прекине своето криење откако израелската тајна служба, Мосад, официјално се откажа од политиката на прогон на поранешните нацистички воени злосторници во 2016 година.

Иако водечките историчари велат дека фирерот се самоубил 1945 година во бункер во Берлин, овој старец, за кој се верува дека има повеќе од 100 години, раскажал поинаква верзија на приказната:

„Обвинет сум за многу кривични дела кои никогаш не сум ги направил. Затоа морав да поминам повеќе од половина од мојот живот криејќи се од Евреите, па веќе сум казнет“, рекол Херман и додал дека подготвува автобиографија за да си го врати имиџот во јавноста.

„Ме карактеризираат како лошо момче само затоа што ја загубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна од приказната, тоа ќе го промени начинот на кој тие ме доживуваат. Сега е безбедно да го откријам својот вистински идентитет“, додал тој.

Многу луѓе, вклучувајќи ја и 59-годишната сопруга на Херман, Ангела Мартинез, зборуваат како да е во транс и ќе почнеше да зборува за Евреите и демоните. Потоа се враќаше во нормала“.

Таа верува дека нејзиниот сопруг можеби бил нацист и сега се чувствува виновен за своето минато, но е убедена дека тој не е Хитлер. Останатите тврдат дека Ангела се плаши да признае, поради својата безбедност.