ИТНО ДА ПРОДОЛЖИ иницијативата за РЕФЕРЕНДУМ за 27ми

Македонија, Политика

Лидерот на Македонски Концепт (МК) Петар Богојески, бара итно да продолжи иницијативата за референдум за донесување на Закон за амнестија на политичките затвореници од 27ми април.

Богојески на социјалните мрежи повика на итна мобилизација на сите граѓани:

„РЕФЕРЕНДУМ ЗА 27ми!!!

Итно да ПРОДОЛЖИ процедурата која ја започнавме пред два месеци за распишување на РЕФЕРАНДУМ за 27ми!!!

Постапката е киднапирана од господинот Таљат Џафери, користејќи аргументи на чист албански етнички шовинизам, надвор од Устав и Закон, што е потврда за владеење на апархејд во земјава!

May be an image of 11 people and people standing

Ве повикувам масовно да споделите и да ја пробудите јавноста дека има започната постапка, дека истата МОРА да продолжи со собирање на само 10.000 потписи прелу ДИК и МОРА да се распише референдум за донесување на закон за амнестија на луѓето кои се политички затвореници, никого не убиле, а се прогласени за терористи!

Нека одлучи народот! Ова е македонска офанзива на Македонски концепт“ – стои во објавата на Богојески.

Дали граѓаните ја разбираат шансата преку непосредни начини на практикување на демократија, како што е референдумот, да ја менуваат катастрофалната состојба во земјата и да го разберат што им говори Богојески, останува да видиме!