
ИРИ: Граѓаните разочарани бараат алтернатива
Американскиот Меѓународен републикански институт публикуваше анкета за состојбите во Македонија, спроведена во првиот квартал од 2021 година. Резултатите се неочекувани. Граѓаните очајни и без доверба во политичарите и институциите.
Ситуацијата е до тој степен очајна, што само 13% од граѓаните веруваат дека Македонија е постабилна од колку минатата година. Дури 39% се изјасниле дека државата е понестабилна од предходните години.
20% сметаат дека Македонија се движи генерално во добра насока, а 28% дека одиме во лоша насока. Високи 50% бараат алтернатива, односно немаат став во прашањето.
Ова силно граѓанско незадоволство бара нужен начин да биде артикулирано во конкретна политичка организација.