БОГОЈЕСКИ: Не разбирам, што е смешново во ТЕНКОВИТЕ на АРМ

Изјави, Македонија

Македонија и подари тенкови и авиони на Украина, во знак на благодарност за нејзината солидарност со нашата Татковина во 2001 година. Тогаш Македонија ги наполни Касарните на АРМ и магацините на МВР со украинско оружје, буквално од авион до игла, благодарение на одлуката на Украина да не го почитува ембаргото за достава на оружје на Македонија.

Македонската јавност жестоко реагираше на македонската донација во оружје за Украина, но пред се со потсмев и самопонижување кон значењето на донацијата и силата на АРМ.

На тоа реагира лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески со прашање:

„Не разбирам, што е смешново во тенковите на АРМ?“

„Јас имам разбирање за дискусијата дали требало или не требало да подариме оружје на Украина. Разбирам за дискусија дали требало да подариме или да и продадеме на оружје на Украна. Но никако не можам да разберам како може Македонци да се исмеваат со сопствената АРМ, со нашето вооружување и нашата борба за слобода во 2001 година?“ – изјавува Богојески.

Во 2001 година САД тврдеа дека нема потреба на Македонија да и се дава оружје, со цел војната побрзо да заврши. Во смисла дека ако останат АРМ и МВР без оружје, ќе мораме побрзо да прифатиме мировен договор, а со тоа ќе се намали бројот на жртвите и ќе се смири војната во Европа во 2001 година. А САД од друга страна гарантираат за безбедноста и унитарноста на земјата, без воена разврска на конфликтот со терористите од ОНА.

Како денес да беше, се сеќавам кога Кондолиза Рајс, државниот секретар на САД ја посети Украина со барање да престанат да ни испорачуваат оружје за Македонија, со цел војната побрзо да завршела. Тогаш Украина и ја покажа задната врата и продолжија да испорачуваат оружје за АРМ и МВР. Без да ги коментирам корупциските активности за набавка на оружјето на тогашната Влада на Георгиевски, поради која ја изгубивме војната.

Денес гледаме обратно, САД мотивираат масовно вооружување на Украина, со цел да се одбрани од руската воена агресија, исто како што Македониа имаше право на одбрана во 2001 година од албанската терористичка агресија, но тогаш насоките беа обратни.

Денес Русија, исто како тогаш САД, тврдат дека не треба да и се дава оружје на Украина, со цел таа да нема со што да се брани, за побрзо да прифати мировен договор, односно да капитулира, како што капитулира Македонија во 2001 година.

Да истакнам, сите дискусии на темата ги разбирам, но никако не разбирам исмевање со АРМ и македонското оружје! Што сме имале, тоа сме дале!

Не можеме да им дадеме тенкови Т92 или авиони СУ35 од причина што ги намаме! Да ги имавме, јас сум ЗА да и се дадат на Украина и братски да им помогнеме, како што тие на нас братски ни помогнаа во 2001 година.

Македонските тенкови Т72 беа модернизирани и супер употребливи. Воопшто не се застарено оружје, напротив Русија во моментов најмногу нив ги користи во нападите врз Украина.

Но за жал маЌедонЧињата се радуваат на руски Т72 и горди се на нив, а се срамат и исмеваат на македонските Т72. Е тоа никогаш не го разбрав во македонскиот полтронски, робовски менталитет, ниту некогаш ќе го разберам.

Самопотценувањето и самопонижувањето е длабоко вседено кај Македонците од нашите „газди“ од минатото, па и покрај 30 годиншната слобода, никако самите од тоа не се ослободивме – истакнува Богојески.

Тоа е една од приоритетните задачи на Македонски Концепт, да ги ослободиме Македонците од ропскиот менталитет и од нас да направиме слободни луѓе, горди на себе и своето!

Следно е Македонија да набави модерно оружје, замена за тенковите и авионите, без разлика на формациската поставеност на НАТО борбената група. АРМ треба да има свои борбени групи, а тенковските единици се клучни за нашата одбрана. Најдобро е да имаме американски или германски тенкови, кои се највисоко оценети во светски рамки.

Богојески инсистира на итно прекинување на понижувачкиот однос на Македонците кон себе и се што е македонско, особено нашата Армија.

Доста служите и меѓусебно се понижувате и расправате за туѓи бели дворови. Доста во интерес на Русија или било која друга странска земја, се самопонижувате и АРМ ја омаловажувате. Срамно е за вас, не за другите! Другите на кои мислите дека им служите, ви се потсмеваат! – изјавува Богојески.

Значи денес Македонците страдаме од „Московски синдром“. Им го посакуваме на другите тоа што нам ни го правеа во 2001 година. А знаете што е тоа „Московски синдром“? Тоа е ист како „Столхомски синдром“ само многу по гаден! – завршува Богојески.