(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Бугарија краде македонски песни, Таче молчи

Балкан

Дамјан Стојановски, синот на Војо Стојановски кој ја испеа песната “Една мисла имаме”, на Фејсбук реагира на бугарската кражба на песната на неговиот татко.

Бугарите со иста музика направиле промена во текстот, односно во делот кој вели “чеда сме на Александар, гордост македонска” Бугарите пеат “чеда сме на Аспаруха, гордост најбугарска”.

– “Се надеваме дека Владата ќе ги заштити нашите авторски права, нели е ептен ревносна во борбата за нашиот идентитет, култура, јазик и посебност”, напиша Стојановски на Фејбук.

Еве дел од бугарската верзија на песната:

А во продолжение слушнете го оригиналот на “Една мисла имаме” и запамтете : “Една мисла имаме, еден живот живееме, Македонија цела да е, секој да ја знае. Ние не сме Срби, Бугари, ни Грци, чеда сме на Александар, гордост македонска!”