НИКОЛЧЕ северномакедонски се просветли, откако остана БЕЗ ФОТЕЉАТА

Изјави

Поранешниот МНР и потписник на Преспански договор Никола Димитров, главен поклоник на зајковизмот, откако беше отфрлен од истиот и остана без фотеља, доби просветлување и конечно дозна што последици предизвика неговата Преспа.

Додека беше во фотеља во МНР или во СЕП, преку милион пати низа македонски аналитичари, политичари, интелектуалци му пишуваа дека на голема врата се вдомува терминот „северномакедонци“, во употреба и за народот и за сите останати работи од Македонија, но Николче беше приглув, не му се слушаше, не му се гледаше, веројатно фотељата го заслепуваше.

Сега без неа и без милоста на зајко великиот, Николче прогледа и прослуша, па започна да разбира што му се кажувало, но никако да објасни зошто тогаш не реагирал, а сега се му смета, особено тоа за кое токму тој е виновен!

Па така просветлен, сега Николче на неговата ФБ фан страна ни порачува:

„Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор.

Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира.

Со други зборови “Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува. – тек после пет години од првите предупредуња за таа тенденција, се просветлува и извикува Николче, дечкото со лесен потпис.

И продолжува…

“Затоа секоја употреба на терминот “северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор.“ – види мајката, а тој кога беше МНР и кога му се кажуваше да реагира на овие навреди кон Македонците, за што „модро молчеше“ продаденото момче?

„Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи.“ – изјави Никола и повторно не кажа што тој сработи на истото?

Според Димитров тоа било недозволиво. А кога газето го имаше сместено во фотељата во МНР, тогаш беше дозволиво.

„Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик.

Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот.“ – изјави Николче Димитров, откако дозна дека на иницијатива на претседателот Пендаровски, во МНР веќе се формира тим кој ќе реагира на овие скандалозни употреби на терминот „северномакедонци“.

Следно е да се пофали дека истото е направено поради неговите величенствени ФБ статуси, а никако да признае дека со години политички активисти и граѓани реагираат на истата појава.

Но тоа е Димитров Николче, момчето со лесен потпис!