
ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон
Денес премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја, информираат од Владата.
Санчез е на турнеја во посета на Западен Балкан со надеж дека ќе го „реактивира, заживи и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон овој регион.
На состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел, Санчез се заложи за повторно активирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување.
Посебен сообраќаен режим
Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дек центарот на Скопје во текот на утрешниот ден (недела, 31 јули) ќе биде под посебен сообраќен режим поради официјалната посета на премиерот на Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон на Македонија.
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.