(Видеа и слики) ЛЕГИЈАТА НА СТРАНЦИ веќе дејствува во Украина, од каде доаѓаат?

Европа

Украина се полни со доброволци од целиот свет. Сите заедно, мотивирани, учествуваат во дирекни акции против руските окупатори на сите фронтови. Според почетните информации, до овој момент во акциите се вклучени повеќе од 18.000 доброволци од целиот свет. Од каде доаѓаат?

Најголем дел од нив, особено тие кои се стационирани околу Киев доаѓаат од САД, Велика Британија, Шведска, Латвија, Мексико и Индија.

Сите се со предходно воено искуство или воени ветерани од боиштата низ светот.

Во таа смисла, предводат британските воени специјалци, кои буквално организирани во официјални единици, активно учествуваат против руските тенкови и артилерија.

Тие спроведуваат специјални задачи, зад борбените редови на руската армија и нанесуваат страшни удари на нејзината логистика.

Кон Легијата на странци за прв пат се вклучуваат и доброволци од Португалија и Бразил, нешто што до сега не се случило во светската историја.

Овие нации ретко кога учестуваат во воени конфликти, но според изјавите на поединци од нив, должност им било да војуваат за да ја одбранат слободата на светот, особено да ги заштитат украинските цивили од воени злосторства кои руските орди ги вршат врз нив.

Ова е едно од видео снимките од дејствувањето на Легијата на странци во позадина на руските војски, каде буквално се спржени цели колони со воена опрема и логистика за руските единици на фронтот.

Оставени без таа логистика и ресурси, руските војници буквално премрзнати и прегладнети, ги напуштаат линиите на фронтот и се повлекуваат, зад себе оставајќи огромни капацитети на воена техника без гориво и муниција.

Следната видео снимка прикажува дирекно акција на доброволците и резултати од директен судир со руските единици, кои се целосно поразени, а доколку некој преживеал е веќе воен заробеник во украинските затвори.

Ова е огромен срам и пораз за руската војска. Ваков кошмар до сега Путин не сонувал. И после две недели офанзива, тој не зазема ниту една клучна цел на неговата воена агресија.