СКАНДАЛОЗНО ТАЖНО: Ова девојче почина од жед, поради Путин

Европа

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски денес соопшти трагична вест од југот на земјата! Дали се повторува историјата, под руска чизма да умираат украински деца од глад и жед, како за време на Гладоморот?

„Во 2022 година, од дехидрација почина девојче“, рече Зеленски.

Градоначалникот на Мариупол, град кој со денови е опколен од руски војници, Вадим Бојченко, изјави дека починало 6-годишно девојче.

Нејзиното име е Тања и нејзиното тело е извлечено од урнатините на уништената станбена зграда. Бојченко потврди дека несреќното девојче починало од дехидрација.

“Нејзината мајка е убиена. Не знаеме колку долго девојчето се борело за живот. Не можеме да замислиме колку страдања морала да издржи. Во последните минути од животот била сама, слаба, исплашена, жедна “, вели Бојченко, пренесе Би-Би-Си.

Градоначалникот вели дека приказната за девојчето, спомната од Зеленски, е една од многуте трагични приказни за Мариупол, град кој ја преживеа опсадата во изминатите осум дена. Град за кој Путин ќе одговара за воени злосторства против човештвото!

„Руските напаѓачи цинично оставија град од половина милион без вода, светлина, топлина и комуникации. Сите патишта до градот се блокирани. Руската војска ги блокираше сите напори да достави храна и лекови до жителите на градот“, рече тој.

Тој го повика Западот да направи повеќе за да и помогне на Украина, вклучително и воведување зона на забранети летови.

Бојченко додаде: „Тоа нема да ја врати нашата Тања, но ќе ги спаси животите на илјадници други деца во Украина“, пренесе Индекс.хр.