Охрид нова жртва на СДСМ
Откако Македонија беше жртвувана со Преспанскиот договор, сега СДСМ бара нова жртва. Информирана е јавноста за приказната на Заев дека нема ЕУ за нас, ама ние ЕУ ќе ја донесеме дома.
Сега СДСМ оди чекор напред. Нема УНЕСКО за Охрид, туку ќе го донесеме тука. Што се случува со оваа влада? Дали локалните бандити во Охрид се поважни од иднината на македонскиот бисер.
„Независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО. Исходот од следната сесија во однос на статусот на заштитено подрачје кој го поседува Охридскиот Регион, продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид. Како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации. Нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот се во спротивност на режимите на заштита. Ќе бидат отстранети согласно законските процедури, и нема да има никаква селективност во постапките“.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во пресрет на конечниот извештај за Охридскиот Регион кој УНЕСКО треба да го објави на 4 јуни.
Веќе е објавен катастрофален извештај на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Тие го посетија подрачјето во јануари минатата година. Заклучокот е дека Охридскиот Регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност.
„Извештајот којшто имавме ние прилика да го видиме во јануари е драфтот и не очекувам дека ќе има некакви значајни разлики во финалниот извештај. Дали регионот ќе биде ставен на листата во опасност не знаеме. Работиме на исполнување на препораките. Извештајот се однесува до периодот до кога беше присутна Реактивната мисија на УНЕСКО, а тоа е јануари 2020 година. Од тогаш имаме значителен напредок постигнато. Тоа ќе го дискутираме на сесија, а конечната одлука ќе зависи од Комитетот.
Меѓутоа, за разлика од 2019 година кога УНЕСКО го објави извештајот, објави и нацрт одлука за ставање на регионот во опасност. Сега таква одлука немаме, што е еден мал позитивен сигнал“, рече Георгиески.
За кратко ќе дознаеме дало Охрид е веќе ставен на листата на УНЕСКО за загрозени подрачја од локални банди. Нешто слично како ситуацијата во Сирија. Таму локални банди беа од ИСИС. Тука локални банди се од политичките партии.