Богоевски ТРЕБА, а Богојески НЕ ТРЕБА Бугари во Устав

Uncategorized

Петар Богојески од Македонски Концепт е на тврда линија против внесување на Бугари во Устав на Македонија, а Павле Богоевски од Шарената Револуција смета дека Бугарите треба да бидат вметнати во нашиот Устав.

Петар Богојески: Мора едно да знаете, во Македонија не постојат Бугари. Исто и во Бугарија не постојат Македонци. Зборувам за Македонци и Бугари во денешна смисла на зборот под која ние ги подразбираме во Македонија, а тие ги подразбираат во Бугарија. “Македонските Бугари” од минатото не се Бугари во денешна смисла на зборот. Тие се бугарски Македонци, односно Македонци со бугарско потекло или се идентификуваат со културата на бугаризмот. Истото важи и за македонските Бугари во Бугарија.

Бугарските Македонци не треба да влегуваат во Устав, зашто тие се влезени, тие се дел од сите Македонци! Македонски концепт и лично јас сме за следниот реципроцитет:

– Бугарските Македонци се внатрешно прашање на Македонија и за нив си постојат граѓански права во Македонија!

– Македонски Бугари се внатрешно прашање на Бугарија и за нив си постојат граѓански права во Бугарија.

Павле Богоевски: Тоа треба да биде од практични причини, бидејќи со самиот факт ако ги внесеме Бугарите како малцинство и доколку официјална Софија го признае тој чекор, тогаш тие автоматски признаваат дека на територија на Македонија има и друг народ кој што се разликува од Бугарите кои што сме ги дефинирале со Устав.

Петар Богојески: Тие пресуди се без некакво дејство. Исто како пресудата за Грција за името. Само трошиме време! Дај да ја решиме работата со Бугариве! Бугарскиот Устав е граѓански, а македонскиот национален. Треба и македонскиот Устав да стане граѓански како бугарскиот, каде сите сме Македонци, без разлика на етничко потекло. Исти се Уставите и на Грција и на други држави на ЕУ!

Павле Богоевски: Сметам дека во наш интерес е да се имплементираат пресудите од Европскиот суд за човекови права за македонското малцинство во Бугарија.

Меѓународната заедница веќе укажува на Бугарија. Моќен е Советот на Европа, но колку е моќна Македонија во Советот на Европа и дали тоа ќе има укажување на подобрување на односот на Македонците во Бугарија. Има различни степени на гласност!

Петар Богојески: Тоа е работа на ЕУ, не е наша! Ако сакаме во ЕУ треба и ние да станеме граѓанска држава! Најголема глупост е тоа Бугари во македонски Устав, а Македонци во бугарски Устав! Ќе ставиме Бугари во нашиот Устав, а тие НИКОГАШ нема да стават Македонци во нивниот Устав!

Приказната е дека Бугари во Македонија има, таков бил Уставот, а Македонци во Бугарија нема, таков бил нивниот Устав!!! Тоа е голема глупост. Послушајте ме и ова нека биде официјален став на Македонија, зашто на крај се ќе дадеме, а Македонци во Бугарија нема да има!!!

КОЈ Е ВО ПРАВО ОД НИВ ДВАЈЦАТА?