СКАНДАЛ: Зошто Арачиново 20 години не плаќа данок

Политика

Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот. Од 1996 година 6 градоначалници ја воделе ова општина и досега никој не успеал да воведе софтер за наплата на данокот. Но тоа не е вистинската причина.

Градоначалниците со кои контактирале „Алсат“, изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“. Но тоа е само смешно алиби кое се создава пред јавноста.

Граѓаните од Арачиново со кои разговараше МКДенес сведочат за ветувања на партијата СДСМ, кои ги дала уште за време на Локалните избори во 1996 година, дека доколку гласаат за таа партија, никогаш нема да мора да плаќаат данок. Тоа ветување им било повторувано од истата партија две децении, на сите избори како следувале.

Со тоа СДСМ се соучесници во кривично дело – даночно затајување, организиран криминал на чело со целото раководство. Што ОЈО ќе преземе на овие тврдења од жителите во Арачиново?

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите.

Милиони евра од буџетот на државата, од чесните граѓани кои плаќаат даноци, Заев и СДСМ им дадоа на неплаќачите на данок. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.