КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ
Фабриките што имаат фотоволтаични електрани на своите покриви можат значително да ја зголемат користа од нив доколку инвестираат и во батериски системи. Наместо да ја користат сопствената евтина електрична енергија само додека има сонце, тие можат да ја складираат и да ја користат тогаш кога им е потребна во производствениот процес.

Ова беше една од главните пораки на Кочо Анѓушев на презентацијата пред претставници на повеќе од 50 компании од битолско-прилепскиот регион. Настанот го организираше Регионалната стопанска комора – Битола, во винаријата „Лозар“.

Анѓушев ги претстави можностите за намалување на трошоците за електрична енергија, со посебен акцент на батериските системи за складирање енергија (BESS) и нивната примена во индустриските капацитети.
Фабриките да работат кога им одговара, а не само кога имаат евтина струја од сонце
Многу индустриски компании веќе имаат инсталирано фотоволтаични електрани на покривите на своите производствени хали. Но, без батерии, можноста директно да ја користат сопствената произведена енергија зависи од сончевите часови и од моменталната потрошувачка.

Со инсталирање батериски систем, фабриките можат да го складираат вишокот електрична енергија произведена во текот на денот и да ја користат подоцна, кога им е потребна за работа на машините и производствените линии.
Тоа значи дека компаниите можат пофлексибилно да го организираат производството, без да мораат да го усогласуваат со периодите кога нивните фотоволтаици произведуваат електрична енергија.
На пример, фабрика која произведува повеќе електрична енергија во пладневните часови може да го складира вишокот и да го користи во втората смена или навечер. Така, наместо во тие часови да купува поскапа струја од мрежата, може да користи енергија што самата ја произвела.

Со тоа компаниите ја зголемуваат искористеноста на сопствените фотоволтаични електрани, ги намалуваат трошоците и добиваат поголема слобода во планирањето на производството.
Батериските системи овозможуваат и намалување на пиковите на потрошувачка, подобро управување со ангажираната моќност и дополнителни заштеди преку напредни софтверски решенија.
Батериските системи имаат значајна улога и кај големите соларни електрани
Покрај примената во фабриките, Анѓушев ги претстави и придобивките од батериските системи кај големите фотоволтаични електрани изградени на земјиште.
Овие системи овозможуваат складирање на произведената електрична енергија во часовите кога пазарната цена е пониска и нејзино користење или продажба кога цената е повисока.
На тој начин инвеститорите можат подобро да управуваат со произведената енергија, да ги оптимизираат приходите и да придонесат за поголема стабилност на електроенергетскиот систем.
Анѓушев нагласи дека батерискиот систем не е само батерија, туку комплексен енергетски објект. Неговата ефикасност зависи од правилното проектирање, димензионирање, изборот на опрема, поврзувањето со мрежата, софтверското управување и одржувањето.
ФЕРО ИНВЕСТ нуди целосни решенија „клуч на рака“
На презентацијата Анѓушев ги претстави и решенијата на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, која реализира батериски системи по принципот „клуч на рака“.
Групацијата го покрива целиот процес – од анализа на потребите и проектирање, преку набавка на опрема и изградба, до пуштање во работа, управување и одржување.
Во реализацијата учествуваат повеќе компании од групацијата:
ФЕРО ИНВЕСТ ги обезбедува интегрираните инженерски решенија и ја координира реализацијата на проектите.
EMS – Energy Maintenance Solution ја изведува теренската работа и обезбедува 24-часовен мониторинг и одржување.
БРАКО произведува метални конструкции и електроелементи.
RES – Renewable Energy Supply обезбедува снабдување со електрична енергија, откуп и пазарно управување со енергијата.
Реализирани батериски проекти низ Македонија
Анѓушев претстави и конкретни проекти што ја потврдуваат практичната примена на овие технологии во Македонија.
Меѓу нив се батерискиот систем во Македонски Брод со капацитет од 40 MWh, системите во Мршевци со 15,048 MWh и во Тркање – Кочани со 10,485 MWh, како и проектите во Гиновци и Ресен.
Групацијата работеше и во изведбата на голем батериски систем во Осломеј, Кичево, со капацитет од 203 MWh и моќност од 50 MW.
Овие инвестиции ја потврдуваат сè поголемата примена на батериските системи во македонскиот електроенергетски сектор.
Со правилно снабдување до дополнителни заштеди
Покрај батериските системи, Анѓушев ги претстави и можностите што ги нуди RES – Renewable Energy Supply за снабдување на компаниите со електрична енергија.
Со правилен избор на модел за снабдување, планирање на набавката и управување со потрошувачката, компаниите можат дополнително да ги оптимизираат своите трошоци.
Претставниците на компаниите од Пелагонискиот регион се запознаа со конкретните технолошки решенија, реализираните проекти и економските придобивки од инвестирањето во обновливи извори и батериски системи.
