
CAД jа cтавија Pycија на игнop, НАТO cе пpoширува
САД ги игнорираат и молбите и жалбите и заканите на Москва, а воената инфраструктура на НАТО се приближува што е можно повеќе до Русија, плачеше по медиумите рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Според него, токму тоа е причината што претседателот на Русија, Владимир Путин, побарал долгорочни и пишани гаранции за безбедноста од Алијансата.
Русите се жалат дека САД ги имаат ставено на игнор, дека е формирана нездрава ситуација во руско-американските односи и дека Вашингтон создава токсична атмосфера, а никако да ја согледаат вината кај себе.
Тие плачат дека американската администрација продолжува со отвореното непријателство, не престанува со примена на санкции и неосновани обвинувања против Русија.
Според него, сето тоа создава многу токсична атмосфера во руско-американските односи и го спречува воспоставувањето на мирен и професионален дијалог.
НАТО продолжува да гази во Украина и Балтикот, секој ден е се поблиску до границите на Русија.