
HAПАД вpз кpaлицатa Eлизабeта Втopa зa Бoжиќ (видeo)
Вооружен маж кој беше уапсен на Божиќ на имот на замокот Виндзор, каде што британската кралица Елизабета Втора престојуваше со другите членови на кралското семејство, имал самострел со себе, пишуваат британските таблоиди.
Британските „Сан“ и „Дејли мејл“ пренесуваат дека извори сугерираат дека мажот бил вооружен со самострел и дека користел скала од јажиња за да се качи на метална ограда, но полицијата одбила да открие што точно носел.
Британската полиција денеска соопшти дека уапсила 19-годишен маж од Саутемптон поради загрозување на безбедноста на имотот на замокот Виндзор, каде што кралицата Елизабета го поминува Божиќ.