
Еве колку лиценци за менувачници на КРИПТОВАЛУТИ се обработуваат!
„Во моментов се обработуваат три лиценци за менувачници на криптовалути во Србија. Од 23-ти декември, вкупно четири издавачи на токени платија за барањето за лиценца“, рече српскиот министер за финансии Синиша Мали пред српскиот парламент.
Тој исто така коментира дека во следните неколку години Србија ќе биде првата земја во Европа што официјално ќе издава крипто-лиценци.
„Ова е многу важно за нас“, додаде Мали, потсетувајќи дека земјата била една од првите земји што ја регулираше областа.
Крипто-пазарот се развива бавно, но сигурно, велат српските финансиски аналитичари. Земјата интензивно работи и на стратегија за раст и развој на Белградската берза. Оттаму веќе се подготвуваат да создадат алатка за поддршка на српските финансиски пазари и да развијат платформа за тргување со дигитални токени. Се очекува да биде воведена следната година.
Според последните проценки, повеќе од 200.000 луѓе во Србија поседуваат некаков облик на криптовалута, а интересот за поседување виртуелни пари во земјата расте. Најголем интерес има за биткоинот, а финансиските експерти велат дека зголемениот интерес се должи на фактот што криптовалутите веќе се признати со српските закони.