Старо-нови кадри во новото раководство на СДСМ

Политика

Во новото раководство на СДСМ се најавува враќање на старите партиски кадри од времето на Бранко Црвенковски. Се поизвесно е доаѓањето на високи партиски позиции на  кадрите кои ја спроведоа приватизацијата во државата и многу други имиња од тогашното потесно партиско раководство.

Бранко го враќа во игра Шема и Андреј Петров, Миле Зечевич, а преку Нина Фити  ќе „ влијае“ Таќи Фити.

Лекарот Андреј Петров се враќа во СДСМ и тоа како член на Извршниот комитет на владеачката партија.

Петров беше партиски секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и привремен градоначалник на Карпош.

Тој треба да биде потврден на утрешната седница на Централниот комитет на кој треба да му биде дадено зелено светло да биде мандатар за составување на новата Влада.

Телевизијата додава дека поголеми овластувања ќе добие и Стефан Богоев, како и некои познати универзитетски професори.

Претходно беше објавено дека поранешниот висок функционер на владеачката партија Игор Ивановски – Шема ќе биде промовиран како предводник на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ