
Пановски: Доколку набавеа вакцини на време, ќе спасевме најмалку 1000 луѓе
Др. Пановски е еден од најгласните лекари во земјава, кои работите ги кажаа од напред. Тој за неспособноста на министерот Филипче да набави вакцини, даде уникатна изјава.
Битно беше во јануари, во февруари да вакциниравме поголема бројка луѓе, да спасевме едно 1.000 животи, изјави доктор Никола Пановски во вечерашното интервју на телевизија Телма.
Тој рече дека во моментов не е многу важна брзината со која се вакцинира.
„Да се спречеше тоа ширење. За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, што би се вакцинирале до септември“, вели Пановски.
Во земјава паѓа бројот на заболени од коронавирусот.