Еве колку „кецови“ во рака има МИЦКОСКИ!

Uncategorized, Политика

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва на телевизиска емисијата , му поставија прашање со кого е најдобро неговата партија да коалицира?

Еве што одговори Мицкоски:

„Јас сум го кажал тоа, дека наша опција останува опозицијата кај Албанците. Нашата опција и нашата смерница е албанската опозиција. И тука сме да помогнеме, да работиме. Немам никаква дилема дека можеме да биде компетитивни на избори“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека имаат неколку „кецови“ во рака за изборување на предвремени парламентарни избори.

„Ќе работиме на предвремени избори, дали 1, 2 или 3 „кецови“ во рака имаме. Збориме за демократските алатки. Како ВМРО-ДПМНЕ имаме апсолутно легитимно право на тоа, ние сме најголема партија. Имаме најдобра понуда, и очекуваме дека тоа е доволно добар аргумент. Гледате дека мнозинството е на стаклени нозе. Суштината е дека тешко се живее, граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешен правец, и дека Владата треба да замине“, изјави Мицкоски.