ИНФЛАЦИЈА или шпекулација?!

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми”, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.

Инфлацијата, како што посочи, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.