Мицкоски се договорил со Заев за нов дoгoвоp со Бугapијa?
Последните информации од Брисел говорат дека Бугарија се согласува со почеток на преговорите за Македонија во јуни. Тоа е огромна промена на ставот на Бугарија. Особено ако се има предвид тврдата позиција по македонското прашање. Премногу наивно е да се верува во дадена согласност од Бугарија, како резултат на меѓународен притисок. Бугарија тешко да се согласи на отстапки без да го добие тоа што го бара. А тоа е македонската историја.
Копретседателот на Комисијата за историски прашање помеѓу Македонија и Бугарија, ја навести причината за бугарското „омекнување“.
Имено, тој соопшти дека Македонија ќе се согласи на бугарската историска вистина, доколку Бугарија прифати постоење на македонски јазик и нација.
Тоа значи се исполнува она кое поранешната министерка Екатерина Захариева го бараше. Размена на историја за сегашност. Ние се согласуваме на нивната историја, а тие ни признаваат нација и јазик после 1944 година. Што значи некој во Македонија се согласил дека Македонците сме сталинистички екпериментални глувци.
Оваа размена на историја за сегашност, премиерот Заев ја најави пред изборите во Бугарија. На скандалозното интервју за БГНес, Заев дефакто призна она што Бугарите го сакаат од нас.
Ако тогаш Заев беше сам и налета на жесток одговор од опозицијата, сега се случува молк во ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски исчезна.
Според информациите од Владата на Македонија, има договор помеѓу Мицкоски и Заев да се потпише нов договор со Бугарија. Односно да и се попушти на Бугарија и да и ја дадеме македонската историја. Наводно договорот е Мицкоски да организира килави протести. Да дава изјави дека ќе се повлекува од бугарскиот договор, а во позадина да дава поддршка на Заев. Тоа е цената која ја плаќа за поддршката од Заев да остане на лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ.
Сведоци сме дека иницијативата за вонреден Конгрес на ВМРО ДПМНЕ за смена на Мицкоски се распадна како меур од сапуница. Од Одборот за свикување на вонреден Конгрес информираат дека Заев активирал итни мерки против најистакнатите членови на тој Одбор. Закани за притвори, истраги, конфискации, доколку продолжат со акцијата да го сменат Мицкоски од тронот во ВМРО ДПМНЕ. Тоа само ја потврдува информацијата од Владата дека Заев и Мицкоски се договорени.
Договорот бил Македонија да ја продаде историјата на Бугарија, а Мицкоски да даде поддршка на тоа. За возврат Заев да го поддржи Мицкоски да остане лидер. Дополнително да му обезбеди средства од Буџет за самоодржливост на клентелистичката екипа од Белиот дворец.
МКДенес се обидува овие информации да ги потврди со официјална коресподенција со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, но засега без успех. Молк од двете партии.
Нашите обиди да дојдеме до вистината и истата да ја направиме достапна до сите граѓани нема да застанат. Очекуваме потврда на дел од овие информации од Кабинетот на Претседателот Румен Радев.