Бугарија ја свитка опашката

Балкан, Македонија, Политика

Во Брисел продолжуваат дипломатските напори за отстранување на бугарското вето за Македонија. Во тие разговори покрај европски, учествуваат и американски дипломати. Според бугарскиот претседател Румен Радев, не поминува ден без да добие покана да разговара за Македонија. Разговорите се исклучително непријатни, со оглед што Бугарија нема аргументи за вето кон Македонија.

По завршување на вчерашниот Европски самит на лидери, за прв пат слушаме различни тонови. Претседателот Радев најави можност Бугарија во јуни да се согласи Македонија да ги почне преговорите за членство. Притоа не појасни што ќе биде со т.н. рамковна позиција, која во Бугарија е донесена со апсолутно мнозинство во бугарскиот Парламент.

Дали ова значи дека Бугарија ја свитка опашката и се повлекува од тврдите ставови кон Македонија. Дали се создадоа поволни услови за тоа, после тргањето на Борисов и Каракачанов од власта? Останува да видиме следните две недели.