Вojна на ФБ! Богојески и Апасиев растураат!

Македонија, Политика

Социјалната мрежа фејзбук е една од најмногу користената во политичките кампањи во Македонија. На неа се присутни скоро сите политичари, особено оние од помладата генерација. МКДенес направи сондажа на моменталната поддршка која тие ја имаат од граѓаните на нивните официјални фан страни. Резултатите се запрепастувачки!

Прв по поддршка со најголем број следбеници, иако без државна функција е лидерот на Македонски концепт Петар Богојески. Тој го надминува и лидерот на Левица Димитар Апасиев. Останатите од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, кои не се на министерски позиции, далеку заостануваат зад нив!

Богојески има поддршка од 27.204 граѓани, со тш го надмина Апасиев кој има поддршка од 27.065 граѓани.

Далеку зад нив се функционерите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, иако имаат високи партиски и државни позиции.

Така новата заменичка претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, која ја замени Шеќеринска во партиската позиција и во моментов е Генерален Директор на УЈП, има поддршка од само 12.645 граѓани.

Нејзиниот пандан во ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовси е исто така зад Богојески и Апасиев. Тој има поддршка од 22.477 граѓани.

Срамно е да се спомне дека Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски има поддршка од само 10.877 граѓани.

Или поранешниот Ген Сек на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев и носител на изборната листа на партијата за ИЕ3, со поддршка од 14.371 граѓанин.

Високиот функционер и фронтмен на СДСМ Костадин Костанинов има поддршка од само 7.693 граѓани.

Заклучокот е дека доаѓаат нови политичари на политичката сцена во земјава. Или ВМРО ДПМНЕ играат со многу слаби кадри и партиски послушници или граѓаните дефинитивно одлучиле двете партии да ги пензионираат. Тоа ќе го покаже изборниот резултат на следните избори.