Првиот ден од октомври ни носи посебна молитва за мир во семејството и здравје на децата и најблиските

РЕЛИГИЈА

Верниците веруваат дека денешниот ден има посебна симболика – еве кои обичаи се почитуваат и зошто се молиме за немоќните и онеправдените

Првиот ден од октомври во православниот календар е посветен на споменот за двајца големи светители – Свети Евмениј Гортински Чудотворец и Светата маченичка Ариjадна, како и преподобен Иларион, Оптински.

Овој ден за верниците носи посебна духовна симболика, а народните обичаи со векови се пренесуваат со една главна порака: барање здравје, прошка на гревовите и заштита на семејството.

Кој бил Свети Евмениј Чудотворец?

Свети Евмениј уште од млади години тргнал по патот на верата. Се ослободил од бремето на богатството така што целото свое имање им го раздал на сиромашните, а преку строг пост и молитва го исцелил сопствениот дух и добил дар од Бога да лекува други.

Како епископ во Гортин на островот Крит, тој бил познат како татко на сираците, утеха за тажните и исцелител на најтешките болести. Според преданието, неговата молитва била толку силна што правела чуда – лекувал болни и измолил дожд за време на голема суша.

Живееше и дејствуваше во седмиот век.

Света Аријадна – голема заштитничка на угнетените и на децата
Покрај Свети Евмениј, денеска се слави и Светата маченичка Аријадна од 2. век. Таа била робинка која одбила да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите, поради што била мачена.

Преданието вели дека кога бегала од прогонителите, се помолила на Бога и една карпа чудесно се отворила за да ја сокрие.

Поради нејзината маченичка судбина, се верува дека Света Аријадна е заштитничка на сите понижени, немоќни и оние што страдаат.

На овој ден, мајките и верниците посебно се молат за здравјето на своите деца и за добивање духовен мир.

Преподобен Иларион, Оптински
Иларион (Пономарев), јеромонах, (1805-1873) – ученик и наследник на старецот Макариј. Бивајќи ревносен заштитник и проповедник на православната вера, успеа да врати во лоното на Православната Црква многумина заблудени и отпаднати од верата. Се упокои на молитва, со бројаница во рацете.

Обичајот на денешниот ден
Народното предание го поврзува денешниот ден со длабока симболика на милостината. Исто како што преку Светата Причест под видот на леб и вино верниците го примаат Христа, така со давањето милостина и помош за оние што имаат најмалку – директно Му правиме добро на Бога.