
Министерот за надворешни работи Бујар Османи повторно со скандал!
Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, патрони на првиот државен универзитет во Скопје.
Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи одби да се поклони пред Светите Браќа Кирил и Методиј. Со тоа покажа длабоко непочитување и навреда кон сите Македонци. Но исто така и кон сите христијани, кои ги чествуваат Св. Кирил и Св. Методиј. Да одбиеш да им оддадеш почит на Светци кои се признати од целиот свет и од сите Цркви, вклучително Православни и Католички, е недостаток на домашно воспитување.
Што ќе преземе Премиерот Заев за да го санкционира неговиот Министер за надворешни работи? До кога ќе се толерираат вакви антимакедонски, антидржавни и провокативни испади на министрите на Заев?
Тоа е и недостаток на знаење на министерот Османи. Светите браќа ги покрстиле и предците на Албанците, а биле идоли на војсководецот Ѓорѓија Ѓерг Скендербег.
Со полагањето цвеќе во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, се одбележува просветителската мисија и извонредната улога. Која браќата Кирил и Методиј ја имаат во историјата и културата на Европа, светот и Северна Македонија. А изразена преку нивната мисија меѓу словенските народи во деветтиот век.
Низ тој процес била создадена и првата азбука – глаголицата, од која подоцна ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.