karakacanov

КРАЈ за Каракачанов, го погребаа Македонците

Балкан

Каков крај за Красимир Каракачанов, лидерот на бугарското ВМРО. Човекот кој ја киднапираше СМД (Сојуз на македонски друштва) од рацете на Македонците во Бугарија и го зема целокупниот имот на историското ВМРО во милиони евра. Македонците ги отстрани од раководството на ВМРО СМД, а ги замени со болни бугарски националисти како малиот Ангелчо Џамбаски.

Краси војвода, познат и како агент Иван кој работел за КГБ и агент Гоце кој работел за УДБ, двоен шпиун, животот го потроши на создавање на непријателство помеѓу Македонците и Бугарите. Неговите активности имаат последици до денес, а крајно најпознато е бугарското вето за Македонија, како руска нарачка за спречување на ширењето на ЕУ кон југоисточна Европа.

Токму поради судир со низа македонски и бугарски интелектуалци, а особено поради мешање во внатрешните избори во Македонија во 2020 година, Краси беше соголен пред бугарската јавност дека станува збор за криминалец кој за пари продава бугарски пасоши. На сите им стана јасно дека тој е се, само бугарски патриот не!

Македонците го поразија и казнија за сите злосторства кој тој ги нанесе врз нив во Бугарија, но и за последното вето за Македонија. По анализата на изборните резултати на вчерашните избори за парламент и претседател во Бугарија, раководството на ВМРО-БНД претставено од Извршниот комитет на партијата, вклучително и Каракачанов одлучи да поднесе оставка и да го повика Организацискиот совет на партијата да организира Конгрес за да се донесе одлука за иднината на таа распадната партија, која го злоставува името ВМРО и да се избере ново раководство, стои во соопштението на ВМРО-БНД.

Од ВМРО-БНД продолжуваат да лажат за некаква си лојалност кон бугарската национална кауза и продолжуваат да се брукаат со повик со партиите што станаа дел од новиот парламентарен состав да не отстапуваат од бугарските национални интереси во Македонија. Тие додаваат дека каузата во Македонија, а тоа е да крадат пари од Македонците, ќе продолжат да ја бранат по цената на се’. ОК другар Краси, знаеме дека кешот е вашата кауза! На здравје!